Скопје на полноќ личеше на Бејрут од 1978 (ВИДЕО)

На преминот од старата во новата година македонскиот главен град наликуваше на главниот град на Либан од времето на граѓанската војна во таа земја.

Петарди, огномети, ракети и други видови пиротехнички материјали а веројатно и по некој истрел од пиштол или друго огнено оружје можеа да се видат и чујат во буквално сите делови од градот.

Видеото на expres.mk покажува дека енормни количини на пиротехника беа користени од Ѓорче Петров, преку Центар и Автокоманда се до Арачиново.

Дел од сцената беше и спектакуларниот огномет на плоштадот Македонија каде што на полноќ имаше илјадници граѓани над чии глави се одвиваше огнометот.

Огнометот од центарот на Скопје јасно се гледа на видеото снимено од Водно.

SHARE

Оставете Коментар