Од 101 новозаразени од коронавирусот во последните 24 часа, бројка која и официјално е потврдена, дури 59 лица се во Скопје.

Следи Куманово со 12 нови случаи, Штип со седум, Струга со шест, во Тетово има пет нови, а тројца во Гостивар.

Починаа 4 лица: Клиниката за инфективни болести почина 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализиран на 17 мај. Во ГОБ „8 Септември“ починаа, пациент од Тетово (75 ) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71), примен на 26 мај и пациент од Скопје (58.) примен на 30 мај.

SHARE