Скопје вчера најзагаден град во светот, денеска петти

Македонија утрово се најде во друштвото на најзагадените земји во светот, а Скопје по вчерашното прво, денеска е на скромното 5-то место меѓу најзагадените градови на планетата!

На првото место според светската страница за следење на загаденоста на воздухот „Аирвижн“ се наоѓа Киргистан, втора е Босна и Херцеговина, па Индија, Косово и – Македонија.

Утрово во Кавадарци се измерени рекордни 324 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, додека веднаш зад овој македонски град се наоѓа скопско Лисиче со 235 микрограми на метар кубен.

Потоа следува Тетово со 213 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, па скопско Миладиновци, Струмица и скопски Центар.

SHARE