За трамвајот без шини градот нема да се прекопува и да се поставува електрична инсталација, што значи многу побрза и поевтина имплементација, вели градоначалникот Петре Шилегов откако со премиерот Зоран Заев најавија воведување на нов еколошки концепт на јавен превоз во Скопје.

Трамвај на водород,и трамвај на гуми, најавија Шилегов и Заев!
„Тruckless tram“ или трамвај без шини, според димензијата, големината и функционалноста е сосема ист концепт на транспорт како трамвајот вели Шилегов во разговорот за САКАМДАКАЖАМ.МК. Ќе се движи по една сообраќајна лента која ќе биде физички одвоена од другите две ленти за да нема мешање со останатиот сообраќај, со што ќе се гарантира брзина и возен ред.

„Имајќи ја предвид финансиската состојба на Градот и на Владата направиме трансформација на трамвајскиот систем со т.н. ‘траклес трам’ или трамвај без шини. Првите две фази од трамвајот би чинеле 280 милиони евра, а според цената на пазарот на овој вид возила, не би требало да чини повеќе од 100 милиони евра. Единствена разлика во целиот концепт е што трамвајското возило има век на траење 30 години, а овие возила од 20-25 години“, вели Шилегов, пренесе порталот Сакам да кажам.

Без-шинскиопт трамвај ќе сообраќа на релацијата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче но линија ќе има и од Бутел до населбата Пинтија.

Тендерот за набавка на новите возила ќе биде распишан кон крајот на годинава, а за двете релации ќе бидат потребни 60 возила, кои ќе имаат капацитет за 250 патници, ќе бидат долги 24 метри и на секои 3-4 минути на автобуските станици ќе има возило.

Возилата ќе бидат на електричен погон произведен од водород. Согорувањето на водородот ќе произведува електрична енергија која го придвижува возилото, а нус продуктот од согорувањето е водена пареа.

SHARE