„Денес, кога ги чествуваме светите браќа и го славиме нивното епохално дело, ви го подарувам овој дар што е симбол на мојата искрена и огромна почит кон Вас, Ваша светост. Како Албанец, како муслиман, меѓутоа пред вас во својство на претседател на Собранието на Република Северна Македонија, денес сум тука пред вас како претставник на мојата земја, мала по територија, мала по број на жители, меѓутоа богата по својот шаренолик мозаик на различни народи, религии и култури кои значат богатство и дополнителна вредност за целиот регион и светот. Моја највисока почит кон вас, кон Светата столица, и кон делото на светите Кирил и Методиј, рече Џафери при врачувањето на скулптура на светите браќа Кирил и Методиј, дело на познатиот македонски скулптор Томе Серафимовски, на папата Франциск, пренесоа медиуми.

Парламентарниот спикер денеска во Рим ја предводи македонската делегација на чествувањето на празникот на словенските просветители Кирил и Методиј.

SHARE