Слаѓана Тасева предвидува оставки во Владата

Професорката и експерт за борба против корупција Слаѓана Тасева тврди дека во моментот кога Македонија ќе почне да преговара за членство во ЕУ по директивите за “перење пари” и финансирање тероризам во Македонија ќе се случат оставки на високи позиции во Владата. Таа не кажува конкретни имиња но споделува анализа во која се говори за бизнис партнери на вицепремиерот Анѓушев поврзани со Белизе.

“Ајде да видиме, сега новиот закон за спречување перење на пари и финансирање на тероризам ги обврзува сите финансиски институции да ги идентификуваат вистинските сопственици на компаниите. Треба да има регистар на вистинските сопственици. Ова се само дел од Директивите на ЕУ. Кога овие преговори ќе почнат се ќе се знае. И ќе има оставки”, вели Тасева која има проблем и со тврдењето на премиерот Заев дека немало кадар и затоа не барал оставки од инволвираните со скандалот со грантовите во Фондот за иновации.

“Ама што ќе правиме за кадар. Јас постојано тврдам дека Македонија има капацитет ама бев денантирана од највисоко место. Нема полошо од тоа премиер сам да тврди дека нема (други) компетентни освен тие што се со него. Ние треба да им веруваме иако фактите зборуваат поинаку. Како и во овој текст на Владо Апостолов“, посочува Тасева која предходно обвини дека високи владини функционери се дел од криминал и корупција во комбинатот Фени во Кавадарци.

SHARE