Славевски: Со „Мој ДДВ“ пари се враќаат кај побогатите граѓани


Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ уи поранешен министер за финасии смета дека од мерката Мој ДДВ корист имаат побогатите граѓани.

„За да нема негативни ефекти во буџетот предлагаме веднаш да се укине мерката МОЈ ДДВ со која што и така пари се враќаат кај побогатите граѓани, оние кои што имаат повеќе да трошат“ вели Славевски.

Тој вели дека со непромисленото зголемување (прогресивното оданоување) на даноците најмалку се удри по богатите граѓани како што сега се гледа, како што беше прокламирано, туку цехот го платија посиромашните граѓани“.

Славевски вели дека прогресивното оданочување треба целосно да се укина а не само да се одложи до 2023 година и дека „СДСМ мора да ги обештети граѓаните кои платиле повисоки даноци од воведувањето на прогресивниот данок“.

SHARE