“Сл’нцето дур заоѓа Т’га од маки да пијам”, нови думи од Стиховен Калибар (ВИДЕО)

Музичарот Горан Јанкуловски познат како Стиховен Калибар објави нов музички видео спот кој ги пренесува ставовите и болките на огромен дел од Македонците за блиската историја и македонската реалност.

На проектот работел тимот во состав:

Beat: Дарко Кодар Тодоров
Bass: Ивица Јанкуловски
Снимано во студио Алшар
Mix & Master: Ивица Јанкуловски
Vocal: Стиховен Калибар
Фото: Седо Перо

Цел текст од музичкиот производ на популарниот Стиховен Калибар:

Велат јунак се раѓа еднаш на 100 години

Но тука времето како од 45 та да стои
Зошто ништо не научивме од историјата
кратка е меморијата сменета географијата

Не ни расте џидипи ни расте ново минаре
И нова роба пристига од Сингелич и Свиларе

Со сива економија дојде увоз бело робје
Зацрни фамилии од хероинот пола Скопје
Па се чувствувам ко Ѓорѓи сардисан од секаде

Тука бездушниците зедоа замав невиден
Како борец прекален во овој Балкан фекален

Опкружен со шејтани чесен во свет криминален

И говори ми за правда сега тивко полека
Кога животот е обезвреднет и под хипотека

Тука све се продаде без усул од ајдуците

Само долгот кон ММФ го оставивме на внуците

Во северна пијам од чемер Тга за југ
Мојата Македонија слушнав се омажи за друг

А и младоста се распосла во белиот свет
Во наследство ни остави само скрб и пробисвет

Рефрен
И кога јас те загубив во тага ти ме остави
Злобникот те зароби но сепак не заборави
Може да те понижи може да те предаде
Ама душа не може тебе да ти одземе

A ти Европо стара непрокопсана курво
Не ги примаш Македонците во твоето дувло

Гадна манијакална погана проклетнице
Тука подмолно ни остави кукавичко јајце
Немам орелски криља имам само една надеж

Дека ќе се расветли полувековниот грабеж

Дека конечно и правдата кај нас овде ќе дојде

Дека јунак ќе се роди злото што ќе го сотре

Каде си Константине да ги видиш Охрид Струга

И по два века од тебе уште нема воз и пруга

Во твое време главни беа учителите
Во мое кафанџиите на бело уживателите
Истокот не отпиша трулиот запад потшиша
А епитафот во Преспа и од Библија те збриша

Сакам таму крај езеро на мир да рецитирам

Сл’нцето дур заоѓа Т’га од маки да пијам

SHARE