Словенците враќаат ајвар произведен во Македонија

Словенечката Управа за безбедност на храната од страна на синџирот маркети Шпар, била известена дека од продажба повлекуваат ајвар произведен во Северна Македонија, поради присуство на недозволени материи.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, оваа информациија е објавена на интернет страна на словенечката Влада.

Не се соопштува за какви штетни материи се работи вои ајварот, наводно произведен од компанијата Алтера Фуд д.о.о. со седиште во Гевгелија. но се повикуваат граѓаните кои купиле од ајварот, да го вратат во една од продавниците на Шпар Словенија.

SHARE