Словенија го ратификуваше Протоколот за Македонија во НАТО

На вонредна седница, денеска Словенија го ратификуваше протоколот за членство во НАТО на Република Северна Македонија.

До словенечките пратеници се обрати и претседателот на Собранието, Талат Џафери кој е во официјална посета на Словенија.

Најава за ратификација има и од Албанија, а Протоколот ќе се најде на гласање пред пратениците во четврток.