Словенија не дава да се воведе 5G технологија

Владата на Словенија го стопираше воведувањето на 5G технологија.

Стратегијата на Регулаторната агенција за комуникациски мрежи и услуги (АКОС) беше отстранета од дневен ред на владата по предлог на министерот за јавна администрациј, Руди Медведев, кој за словенечките медиуми рече дека прашањата за штетноста на 5G технологијата се легитимни.

Словенија не е единствената што го одложи воведувањето на 5G технологијата, откако претходно истото го направи и Швајцарија.

Словенија е, инаку, првата земја во светот што со Устав ја заштити водата како човечко право и јавно добро, со што нејзините извори на вода за пиење, како можеби најважниот стратешки ресурс, остануваат национално добро.

SHARE