Службеничка на ОН се обесила во Белград!?

Слубеничка на Обединетите нации извршила самоубиство во центарот на Белград, а нејзиното тело е пронајдено во изнајмен стан.

Белградски медиуми јавија дека се работи за Ј.К. Американка со француско потекло, кој работела во Обединетите нации и цели 13 години била ангажирана како хуманитарка во САД, Азија и Африка, како и во Србија.

Била ангажирана околу бегалците, човековите права, заштитата на децата и работела за УНХЦР од 2011 година.
Можеби ве интересира

Пред Србија, живеела во Либан, Малезија, Чад и Кенија.

Според некои медиуми, се работи за самоубиство, а несреќната жена се обесила во изнајмен стан.

SHARE