Светскиот македонски конгрес ја осудува и Бугарската академија на науките чиј Институт за население и психологија преку доцент д-р Спас Тошев бара бугарската дипломатија да одигра важна улога при пописот на Македонците во Албанија како Бугари наспроти државата Македонија како матична држава на Македонскиот народ и деловите од Македонскиот народ во соседните држави на државата Македонија!- пренесува весникот на Македонците од Албанија „Илинден-Тирана

Во Албанија никогаш немало Бугари, во Албанија ни денес нема Бугари освен во бугарската амбасада во Тирана, реагира СМК.

СМК упатува остра критика кон антимакедонизмот на Софија во злоупотребата на социјалната положба на Македоцните за издавање на бугарски државјанства и пасоши заради заминување во Западна Европа, доколку во барањата за бугарски државјанства се декларираат за Бугари, а тоа го прави и натаму со цел да изнуди попишување на Македонците во Албанија за Бугари!

Од македонската Влада се бара да упати остар демарш до Владата во Софија во намерата за преименување на Македонците во Албанија за Бугари!

СМК бара Македонската Влада во грижата за положбата и правата на Македонците во Албанија да преземе мерки за нивна заштита од агресијата на Софија!

Илинден – Тирана

SHARE