Возачот на автобусот на „Дурмо турс“, кој се преврте кај Ласкарци, при што загинаа 15 лица, добивал закани по живот, потврди
републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Медиуми деновиве објавија, што подоцна беше демантирано, дека возачот и семејството, наводно, го напуштиле Гостивар.

„Постои такво сознание во Обвинителството. Ои апелирал во тој дел да се почитува презумпцијата на невиност. Во овој момент Обвинителството не може да ја посочи одговорноста“, рече Јовески.

SHARE