Снаата на советничката на премиерот добила 20 милиони од владата со фирма стара само 43 дена

Фирмата Декодикс од Скопје која што од Фондот за иновации и технолошки развој на контраверзниот тендер добила грант во износ од околу 20 милиони денари или околу 330.000 евра е формирана на 18 мај оваа година.

За само 43 дена фирмата од основањето успеала да учествува на јавниот повик и да ги добие парите кои што за најголем дел од Македонците се научна фантастика. Што точно ќе работи фирмата оснве дека проектот се нарекува декодирај – ме никој од Фондот за инвоации или од владата досега не открива.

Овој правен субјект кој освен на хартија нема поголеми успеси во бизнисот имал стопанско искуство од само 43 дена кога го добил огромниот грант од Фондот за иновации.

Уште поголем проблем за законот (за судир на интереси) е тоа што меѓу сопствениците на фирмата е снаата на Цветанка Ласкова, Христина Керкез жена на Горан Кан Керкез кој е син на советничка на премиерот. Цветанка Ласкова е претседател на жените на СДСМ и советник за култура на премиерот Заев.

Со оглед на работното искуство на фирмата, сосема разбирливо е што тие се весели на фотографијата на која е овековечена нивната радост при подигнувањето на чекот со речиси 20 милиони денари или 330 илјади евра. Чекот им во врачи на шефот на „свекрвата“ на една од сопственичките на фирмата, Цветанка Ласкова

Ексклузивно – Уште еден огромен корупциски скандал: Снаа на советничка на Заев добила 330,000 евра од владата

SHARE

Оставете коментар