Снегот и ниските температури ги затворија училиштата во Грција

Обилните врнежи од снег и екстремно ниските температури, посебно во северниот дел на земјата, денеска ги оставија под клуч најголемиот дел од училиштата во Грција.

Заради избегнување можни незгоди, денеска останаа затворени повеќето училишта во северна и во западна Грција, на Крит и во Егејот, а учениците останаа дома и во 46 од 66 општини во префектурата Атика.

Смрзнувачко време доминираше во повеќе делови на Грција утрово, а најниската температура од -21 Целзиусов степен е забележана во Неврокоп во регионот на Драма.

Во Лерин се измерени -18,8 степени, во Кожани -13, во Костур -12, во Драма -11, а во Солун -4.

SHARE

Оставете Коментар