Снимка од голем пожар во центарот на Скопје (Видео)

Две лица се повредени во големиот пожар што избувна нешто после пладне во центарот на Скопје.

Според првичните информации од засега непознати причини се запалил деловен објект, на улицата Јордан Мијалков во центарот на Скопје, близу трговскиот центар „Рамстор“.

Од куќата се шират пламени јазици и црн чад, а како што велат граѓаните од околните згради и куќи, запалени се гуми и мотори, а неофицијално има и повредени луѓе.

Според очевидци пожарникарите кои со повеќе возила интервенирале брзо и со повеќе возила се обидувале да извлечат еден од двајцата повредени од објектот.

SHARE

Оставете Коментар