Сноуден 6 години чека Франција да му даде азил

Едвард Сноуден, човекот одговорен за откривање на  голем број на глобални програми за „набљудување“ водени од американски агенции, неодамна откри дека би сакал да добие прибежиште во Франција.

Тој поднел барање за азил во Франција во 2013 година, за време на претседателството на Франсоа Оланд, но за „ Радио Интер“ изјави дека се надева дека сега претседателот Емануел Макрон ќе го одобри неговото барање.

„Најтажниот дел од целата оваа приказна е дека единственото место каде што можам да бидам не е во Европа, туку овде (во Русија)“, рече Сноуден.

Како што посочува АФП, над десетина земји го одбиле барањето на Сноуден за азил.

Сноуден за два дена премиерно ќе ги претстави својоите мемоари насловени како  „Постојан запис“ на 17 септември, истиот ден беше создаден последниот нацрт на Уставот на САД пред повеќе од два века.

Едвард Сноуден(36) е поранешен припадник на ЦИА, кој работел како советник на Државната агенција за безбедност на САД. 

Тој предизвика голема контраверза кога во јавност изнесе тајни документи кои покажуваат дека постојат голем број тајни проекти за надгледување преку кои САД спроведувале хакерски напади на компјутери ширум светот а документирте за тоа ги дал на „Гардијан“ и на „Вашингтон пост“.

Во октомври 2013 година Сноуден објави документи кои упатуваат дека американските тајни служби го прислушкувале дури и мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел во период поголем од 10 години, што предизвикува голем меѓународен скандал.]

По објавувањето на документите, избегал најпрво во Хонгконг, а покасно во Москва. На 1 август 2013 година добил азил од Русија.