Со Бугарија ќе ги славиме Наум и Климент и Цар Самуил

Постои усогласеност за заедничко чевствување на Свети Наум, Свети Климент и на Цар Самуил и тоа ќе биде препорака до Владите на Македонија и Бугарија вели историчарот и член на експертскиот тим на заедничката Комисија на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Петар Тодоров.

Комисијата на 19 и 20 февруари заседаваше во Скопје а една од темите беше заедничкото чествување на одредени историски личности и настани.

„ Нашиот предлог (до владите) е да се слават ови личности при јубилејни, при значајни датуми, вели Тодоров во интервјуто за 1ТВ.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.