Во чест на Празникот и на загинатите борци од НОБ и Револуцијата, денес од центарот на Пилеп до Могилата на непобедените и до Алејата на народните херои ќе се одвива граѓански марш за да им се оддаде почит на храбрите и херојски борци.

Почит ќе им биде оддадена и на претседателот напрезидиумот на АСНОМ; методија Андонов Ченто и на идеологот на Народната Револуција, Кузман Јосифоски Питу пред нивните споменици во центарот на градот.

Со спектакуларен огномет и импровизиран напад на Участакот, кој во минатото бил седиштето на бугарската фашистичка полиција синоќа во Прилеп започна одбележувањето на 78 годишнината на еден од најголемите македонски празници 11 Октомври. Токму Участакот е местото каде во далечната 1941 година со убивањето на стражарот на овој објект започнала револуцијата.

„11 Октомври“ е симбол на непокорот, пркосот, храброста, гордоста и достоинството, стремежот за слобода не само на прилепчани, туку на сите граѓани на нашата земја. Затоа и денеска се сеќаваме на делото на хероите, им оддаваме почит и се поклонуваме пред нивната жртва. Животите на 15 народни херои и 650 борци од Прилеп, се вградени во денешната слобода, затоа и нашиот град го носи епитетот – градот херој-првоборец“.

Со овие зборови синоќа градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски, го честиташе 11 Октомври.

За почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Причепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршил  на 11 Октомври година. Во нападот учествуваат 16 партизани, распределени во три групи.

Првата го нападнала бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата имала задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.

SHARE