Со коронавирус заразени 18 деца до 9 години!?

Осумнаесет деца до 9 години досега се дијагностицирани со ковид-19 во земјава, соопшти денеска д-р Владимир Микиќ, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата во Владата, пренесува „Плусинфо“.

„Кај сите нив клиничката слика е релативно лесна и не била потребна подолга хоспитализација“, рече Микиќ.

Тој нагласи дека секое населено место може да биде потенцијален нов извор и токму затоа се донесени денешните рестриктивни мерки и препорача да се почитуваат мерките за социјално дистанцирање, пренесе „Плусинфо“.

SHARE