Со „Ние сме Македонци“ Заев го „поништува“ Преспанскиот договор

Само неколку дена пред референдумот за Преспанскиот договор, премиерот на Скопје преку Фејсбук, порача:

„Ние сме Македонци, со сопствена територија и со македонски јазик, со историјаа, култура и наследството на Македонија“, напиша Зоран Заев обраќајќи им се на граѓаните во врска со референдумот од 30 септември за Преспанскиот договор.

Заев,пренесуваат грчки медиуми,  повторно зборува за „европска Македонија“, а не на Северна Македонија, како што е предвидено со Преспанскиот договор и вели дека „со договорот го заштитивме нашиот македонски идентитет“.

Ова е петти пат Заев да го „поништува“ Преспанскиот договор и посветеноста на „Северна Македонија“, и покрај непријатностите што се создадени во Грција и покрај (топлите) препораки што му ги испрати Алексис Ципрас од Меѓународниот саем во Солун, пишува порталот In.gr.