Тројца Венецуелци одлучиле да побегаат во Колумбија, преку мост на граничен премин полн со луѓе кои чекаа хуманитарна помош што околните земји се обидуваат да ја испорачаат во земјата и покрај противењето на венецуелските власти.

Видеото кое го објави агенцијата „АФП“ прикажува оклопни возила кои со голема брзина се движат кон камерите и масата луѓе кои, пак, се обидуваат да побегнат.

Тројцата бегалци, кои властите ги нарекоа терористи, со оклопнотио возило удираат во метална бариера на границата која е на мостот „Симон Боливар“.

Во инцидентот повредени се неколку лица, меѓу кои и млада жена, чиешто лице е прекриено со крв.

Меѓу повредените е и новинарката од Чиле, Никол Крам.

SHARE