Со украден автомобил крадат низ Скопје, газдата бара информации МВР молчи

Со автомобилот за кој што пријавив дека е украден, минатата недела беше извршен грабеж на позната бензиска пумпа на излезот од Скопје, вели Наим Бајрами, кандидат на Алијансата за Албанците на локалните избори за градоначалник на главниот град.

Бајрами седум дена по кражбата се уште нема информации од полицијата за тоа кој се крие зад овие кривични дела.

“Ало МВР, Ало Спасовски …. го крадат автомобилот, прават кражба и нема трага од нив”, напиша Бајрами револтиран од полициската неефикасност.

SHARE