Обид за поставување нов Гинисовиот рекорд за најмногу близнаци собрани на едно место не успеа откако на настанот што се одржа вчера на стадион во Коломбо, Шри Ланка, се јавиле премногу близнаци.

Сегашниот рекорд е поставен во 1999 во Тајван каде се собрале 3.961 пар близнаци, 37 тројки и 4 четворки.

Поставувањето на новиот рекорд вчера не успеа откако на влезот во стадионот се формирале бесконечни редици пред пунктовите за регистрација и проверка на изводите на матични книги, поради што биле прекршени строгите правила на Гинис и пребројување не било извршено.

Организаторите очекуваа на настанот да се појават 5.000 парови близнаци.

SHARE