Собрание: Стоп за увозот на отпад кој се користи како гориво


Собранието попладнево ги усвои измените на Законот за управување со отпад, со што во земјава се забранува увоз на отпад кој се користи како извор на енергија.

Измените ги предложија пратеничките на ДОМ Маја Морачанин и Лилјана Поповска.

Законот е усвоен со 62 гласа „за“ од 102 присутни пратеници.

И понатаму останува дозволен увоз на отпад што може безбедно да се преработи, без опасност од загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето, како и да се користи како суровина.

„Забраната за увоз на отпад како гориво се изгласа попладнево во Собрание. Ова беше едно од барањата на Зелен фронт за кое континуирано вршевме притисок и лобиравме за да даде плод попладнево. Седницата не беше закажана за денеска, но очигледно претседателот Талат Џафери ја стави на дневен ред попладнево и конечно Собранието ја изгласа законската измена. Од 102 присутни, 62 гласаа за. Продолжуваме понатаму“, објави 02 Иницијативата на „Фејсбук“.

SHARE