Социјалдемократите кон најнизок рејтинг, Меркел минус 3 %, АФД стабилни

Германските социјалдемократи одат кон историски најнискиот рејтинг и станаа дури четврта по рејтинг партија на федерално ниво.

Најпопуларна партија во најмоќната европска држава се уште е таа на канцеларката Меркел, ЦДУ која заедно со сестринската баварска партија ЦСУ имаат 26 % популарност што е за 3 проценти помалку од лани во септември кога беше направена новата трета голема коалиција со СПД.

Социјалдемократите исто така загубиле 3 проценти и сега имаат само 15 % рејтинг што ги прави четврта партија во земјата.

Пред нив се Зелените кои со скок од 3 проценти дојдоа до 17 % и антиевропската и антимигрантската Алтернатива за Германија (АФД) која со своите радикални десничараски политики и стабилни 16 проценти доверба стана трета најпопуларна партија во Германија.

Раст има и кај Слободните демократи (ФДП) кои сега имаат 10 % доверба, исто колку што има и Линке (Левица).

Сите останати партии имаат 6 проценти поддршка заедно.

Германија деновиве се соочува со низа насилни протести на радикалната десница и неонацистите кои го задржуваат трендот на перманентен раст на популарноста.

Дел од германските аналитичари не ја исклучуваат можноста доколу продолжи трендот на намалена поддршка на Големата коалиција која досега за една година од формирањето ма владата загуби 6 % или речиси една седмина од своите гласачи, земјата да оди на предвремени избори или во владата да влезе уште една партија.