Софија: Македонија има дивјачки менталитет, Бучковски злоупотребен од Заев (ВИДЕО)

Посредникот Владо Бучковски има добри намери и ставови кон Бугарија но проблемот не е во него. Проблемот е во тоа што тој го испраќа во Софија на преговори нема добри намери кон Бугарија и го злоупотребува Бучковски.

Ова е ставот на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов кој попладнево во Софија се среќава со екс премиерот Бучковски.

Каракачанов кој знае дека Бучковски е избран и именуван од премиерот Заев нема дилеми дека тој што го испраќа во Софија има лоши намери кон Бугарија затоа што 3 години не сторил ништо за да се решат проблемите.

Каракачанов во изблик на нов говор на омраза во изјавата во неколку наврати ги навредува Македонците со познати стари навреди а за прв пат денеска кажа дека Македонија има дивјачки менталитет од 19 век.

Според бугарскиот вицепремиер властите во Скопје грешат ако се надеваат дека по изборите во Бугарија ќе се смени работата а Заев знае дека во наредните 6 месеци нема да има напредок во ЕУ за Македонија.

Целата изјава на БГНЕС