„Со голема тага и неверување утринава ја примивме веста за трагичната смрт на нашиот доскорешен член, Никола Христовски (17 години), кој синоќа беше прободен со нож во населбата Ново Лисиче.

Сѐ уште не можеме да веруваме дека тој повеќе нема да биде со нас, а вечно ќе се сеќаваме на моментите од изминативе неколку години кога можевме да го видиме неговиот секогаш ведар лик на тренинзите на нашата младинска школа. Тренерите кои работеа со него секогаш ќе го потенцираат неговиот ентузијазам и љубов кон кошарката и кон МЗТ Скопје Аеродром“, стои во реакцијата на КК МЗТ Скопје на нивната Фејсбук профил .

SHARE