Соломон Паси: Захариева да го убеди Макрон да се премисли

„Што можеме да сториме со Макрон и против оваа ирационална одлука од негова страна“ изјавил поранешниот министер за надворешни Соломон Паси по последните случувања во Брисел и спротивставувањето да се даде датум за почнување преговори на Македонија и Албанија.

„Мислам дека министерката за надворешни работи Екатерина Захариева може да го убеди да се премисли “, рече поранешниот шеф на бугарската дипломатија, пренесе БГНЕС..

Паси смета дека спротивставувањето на Макрон на проширувањето ѝ оди на рака на Русија.

„По ветото на францускиот претседател Макрон, неговиот колега Владимир Путин сигурно нарачал  чаша шампањ. Кон кого ги туркаме Македонија и Албанија? Дали ги туркаме во рацете на Русија, Турција, Иран? Само запомнете какви напори направи претседателот Путин да ја спречи Македонија да влезе во НАТО “, вели Соломон Паси.