Не само историскиот прв пласман на Европско првенство, туку и еуфоријата измешана со солзи-радосници по триумфот над Унгарија, ги возвиши македонските одбојкари во нови миленици на нацијата.

Сите пехови со антологиските крстосувања со дотраени автобуси низ Европа, трите неуспеси на прагот на златото во Европска лига, несоодветниот третман од надлежните институции, сето тоа вечерва дојде за наплата, па новите спортски херои на Македонија им се препуштија на емоциите, за кои најдобро зборуваат фотографиите во продолжение.

Тренерките со натпис „Одбојкарски тим на Македонија“ на англиски, пак, делуваат нестварно деновиве кога Собранието ја финализира постапката со уставните промени и менувањето на името на државата во Северна Македонија.

SHARE