Првото знаме на независна Македонија, повеќе нема да може да се види во јавна употреба, затоа што најдоцна за еден месец ќе биде отстрането од јавниот простор.

Сите споменици што упатуваат на античката хеленска историја и цивилизација ќе бидат соодветно означени, согласно со Преспанскиот договор, дознава Слободен печат.

Од Владата за весникот велат дека корекциите ќе бидат завршени во зацртаниот временски рок, но не изнесуваат детали на кој начин ќе се извршат корекциите, како ќе се спречи јавната употреба на сонцето од Кутлеш и што сè е регистрирано како јавен простор и јавна употреба.

Уставните измени за промена на државното име беа изгласани на 11 јануари, стапија на сила на 12 февруари, а рокот за преименување на спомениците и за отстранување на сонцето од Кутлеш истекува на 12 август, потсетува „Слободен печат“.