Организаторот на фудбалскиот турнир „Масо куп 2019“ во Австралија го аплицира Сонцето од Кутлеш во кругот на центарот од теренот на стадионот „Сајферт овал“ во Квинбијан.

Таму од 26 до 28 јануари ќе се натпреваруваат триесетина македонски екипи од петтиот континент.

„Македонскиот амблем насликан на ‘Сајферт овал’ подготвен за овој викенд! Официјалното отворање ќе биде в сабота на 26-ти во 11 часот, кога го очекуваме пристигнувањето на тимови што ќе учествуваат, навивачите и гледачите. Не пропуштајте! Првиот натпревар почнува во 12 часот“, стои во објавата на турнирот од организаторот, фудбсалскиот клуб Квинбијан Сити.

SHARE