Градоначалникот на општина Шаир Висар Ганиу најави дека непрописното паркирање на Пластичарска ќе се реши со изградба на две нови катни гаражи.

„ Постапката ќе почне откако се ќе променат деталните урбанистички планови. Деталните планови сега се во Град Скопје, по што ќе поминат во другите институции. Штом ќе завршат процедурите може да почне со изградба. Дотогаш, паркирањето ќе биде проблем, но не би сакале да им наштетиме на малите бизниси“, објасни Ганиу во гостување на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.