Сопругот на министерката Дескоска ја промовира придавката северномакедонски

За професорот Тони Дескоски, кој ѝ е сопруг на министерката за правда Рената Дескоска, членовите на македонскиот фудбалски национален состав не се македонски, туку северномакедонски фудбалери.

Во коментарот по мечот меѓу Македонија и Латвија, кој заврши 2:0 за Македонија, Дескоски напиша шокантен пост со позиција која не произлегува како обврска од Преспанскиот договор.

Иако и неговата сопруга, како член на Владата, и премиерот тврдат дека нема проблем да се користи придавката македонски, тој фудбалерите ги нарекува северномакедонски.

„Честитки до Северномакедонските репрезентативци за победата над Летонија (Латвија).!
Уште и без примен гол!’, напиша во честитката до фудбалерите на Македонија професорот Дескоски.

Сопругот на министерката за правда беше дел од македонскиот правен тим кој во 2011 година го доби процесот по грчката тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Тужбата во Хаг ја поднесе владата на ВМРО-ДПМНЕ а застапници на Македонија беа Антонио Милошоски и актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

SHARE