Судијката која го води судењето за несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, соопшти дека сопственикот на Дурмотурс“,  Дурмиш Белули, веќе нема да биде носен на судење со полиција бидејќи сега веќе се брани од слобода.

Тој е пуштен да се брани од слобода со понудена гаранција.

Кривичен совет уште на 21 октомври прифатил укинување на мерката притвор со гаранција, но Белули неофицијално е пуштен од притвор минатата недела откако по жалба на Обвинителството, Апелацискиот суд го потврдил истото решение, дознава Фокус.

На Белули му се одредени мерки за претпазливост, одземен му е пасошот, треба да се јавува во суд, има забрана за приближување и контакт со оштетените и обвинетите, има забрана за преземање на работни активности и забрана за користење на сертификат од областа на транспортот.

Во тек е судски процес против 6 лица за протпустите кои довеле до несреќата.