Сопственикот на скопски „Хилтон“, најуспешен бизнисмен во 2019

Ајдован Адемоски е бизнисмен на годината. Според анкетата која Фактор ја спроведе во изминатите четири дена, Ајдован Адемоски е најуспешниот бизнисмен во 2019 година, покажува анкетата што ја спроведе „Фактор“.

Во конкуренција со Кирил Лазаров од Никоб,, Фатмир Етеми сопственикот на ЗСФ – КОМ, Тања Атанасова од Вивакс и Илија Господинов од Ендава Македонија, Адемсоки, сопственик на Double Tree by Hilton во Скопје доби најмногу гласови.

Клучен критериум за изборот беше успешност на компанијата со која раководат во последната година, но и нивниот личен развој и општествениот контекст.

На 1 јануари 2019 бизнисменот Адемоски го означи почетокот на работата на хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје, инвестиција тешка 50 милиони евра, со што Македонија стана 109-та земја каде има хотел од синџирот „Хилтон“.

Адемоски е сопственик на City Plaza холдингот, а меѓу најголемите потфати се хотелот Stone Bridge во Скопје и станбено деловниот комплекс Capitol.

Тој е претседател на Македонско- Турската бизнис комора (МАТТО), а според податоците по нивни заложби се донесени најгоелмите турски брендови ТАВ, Џеваир, Халкбанк, Суташ, Лимак.

Повеќе

SHARE