Сорос: Кина со 5G мрежата е закана за ЕУ


Кинескиот претседател Си Џипинг претставува „закана“ за Европската унија и нејзините вредности, предупредува милијардерот Џорџ Сорос во авторски напис.

Сорос смета дека политичарите и лидерите на европската индустрија навистина не ја разбираат „заканата“ од Кина.

Тој посочува дека допуштањето на 5Gмрежа на „Хуавеи“, во Европа ќе и овозможи на Кина во иднина да ја „уценува“ и „саботира“ ЕУ.
Сорос тврди дека по „брегзит“ Велика Британија е особено чувствителна на кинеската закана.

Европската унија мора да им помогне на „Ериксон“ и ма „Нокиа“ да изградат 5G мрежи за ЕУ да не зависи од Кина во овој поглед, препорачува милијардерот.

SHARE