Сослушана шефицата на кабинет на Катица Јанева

Денеска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција била сослушана шефицата на кабинетот на Јанева во СЈО во врска со аферата „Рекет“, дознава Нова ТВ.

Пред неа во Јавното обвинителство на сведочење беа повикани обвинителката Лиле Стефанова  како и нејзината колешка и заменичка на Јанева, Елизабета Јосифовска.

Од обвинителството не откриваат детали од распитот во интерес на истрагата.

Од Јавното обвинителство не соопштуваат кога на дневен ред ќе дојде распитот на Јанева. во рамки на истрагата за случајот со рекетот во кој осомничени и притворени се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец.

Во снимките што ги објави талијанска „Ла Република“, чиј глас се слуша и во италијанските „бомби“.

Денеска требаше да сведочи и обвинителот надлежен за случајот Поштенска Банка на СЈО, но поради обврски на рочиште за предметот ТНТ, Бурим Рустеми го одложи сведочењето за утре.

SHARE