,,Совест” до Заев: Гласавме а вие излажавте за минарето, следно е црвен картон

Не запира нeлeгaлната изградба на минарето на Али-пашината џамија во Охрид, обвинуваат од Здружението „Совест”.

Оттаму велат премиерот Заев ветил стопирање на изградбата, и решавање на проблемот после претседателските избори, но како и за време на кампањата така и сега после изборите продолжува градбата на минарето во центарот на Охрид.

„И сега што правиме? Си поминаа изборите и ќе си тераaт по старо… Еве денес 08.05.2019 се спрема нов спрат нa минарето на дивoгpaдбата Aли-пашина џамија. Правда нешто…закон нешто…жолт картон нешто…пораката е разбрана нешто? Почитувани 5 мај помина, Охрид нема време да чека!! Довербата повторно ви ја дадовме, жолтиот картон го испорачавме, не дозволувајте да не изиграте зошто следно е црвен!!“ – напишаа од „Совест“.

SHARE