Петмина советници на министерот за надворешни работи Никола Димитров земаат хонорари повисоки од месечните примања на претседателот на државата, објави „Република“.

Според документите доставени од „свиркачи“, пишува порталот, договорите со советниците биле потпишани во октомври 2018 година, што значи дека досега на петтемина советници, професори и поранешен амбасадор, досега им биле исплатени вкупно 63.000 евра во хонорари.

Тие на располагање имале и службен телефон, дневници за службени патувања, репрезентација за ручеци и други трошоци, објавува „Република“.