Советник на Заев од непознати причини кршеше ќерамиди со глава (ВИДЕО)

Некогашниот генерал а сега советник на премиерот Заев за припадниците на безбедносните сили покажа колку силна глава има на доделувањето на Твитер наградите.

Рецитирајќи стихови на покојниот музичар и поет Симеон Иванов Канго, Стојанче Ангелов кој сега е вработен во ЈП Македонска навигација, со глава искрши две ќерамиди.

Зошто Ангелов ја покажа силата на своите коски на главата и каква порака сакаше да испрати до јавноста никој не кажа.

Ќерамидите ги скрши во чест на Канго кој беше најмирољубивиот Македонец кој никогаш не поддржуваше насилство ниту правеше неразумни чинови како овој на Ангелов.

Ангелов е координатор за сите припадници на безбедносните сили во кабинетот на Заев

Чудното видео во твитот

Еден генерал функции сто: Ангелов стана и советник на Заев

SHARE

4 Коментари

  1. Не знаете зошто кршел ќерамиди со глава? Еве, јас ќе ви кажам. Кршеше ќерамиди со глава за да ви покаже дека можата да се кршат ќерамиди со глава, но не може ѕид да се урне со глава како што вие мислите дека може.

  2. ОВАКВО НЕШТО ВООПШТО НЕ Е ЗА ЧУДЕЊЕ. ТОЈ И ТАКВИТЕ ВО ГЛАВИТЕ НЕМААТ МОЗОК, ТУКУ САМО МАЛКУ БЕТОН И ПОВЕЌЕ АРМАТУРА. ЗАРЕМ ОВА Е ДОСТРЕЛОТ НА ОВОЈ КОЈ СЕ НАРЕКУВА ГЕНЕРАЛ? ЗА ЖАЛ ОВАКВИ СО ВАКОВ ДОСТРЕЛ ИМА ЕДНА ЦЕЛА БРИГАДА КОЈА СО СИТЕ СИЛИ СЕ БОРИ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА СО НЕЈЗИНИТЕ АТРИБУТИ НАРОД, НАЦИЈА, ЈАЗИК, ИСТОРИЈА, АРХЕОЛОГИЈА, КУЛТУРА И ДР.

Comments are closed.