Некогашниот генерал а сега советник на премиерот Заев за припадниците на безбедносните сили покажа колку силна глава има на доделувањето на Твитер наградите.
Рецитирајќи стихови на покојниот музичар и поет Симеон Иванов Канго, Стојанче Ангелов кој сега е вработен во ЈП Македонска навигација, со глава искрши две ќерамиди.
Зошто Ангелов ја покажа силата на своите коски на главата и каква порака сакаше да испрати до јавноста никој не кажа.
Ќерамидите ги скрши во чест на Канго кој беше најмирољубивиот Македонец кој никогаш не поддржуваше насилство ниту правеше неразумни чинови како овој на Ангелов.
Ангелов е координатор за сите припадници на безбедносните сили во кабинетот на Заев
Чудното видео во твитот
https://twitter.com/BrunoBa03714810/status/1076582511088676864?s=19