Од 30 мај до 7 јуни 2020 година македонија ќе биде домаќин на Светско првенство во фудбал на непризнаени држави и региони, пренесува Радио Слободна Европа повикувајќи се на Конфедерација на независни фудбалски асоцијации КОНИФА.

На првенството ќе учествуваат земји и региони кои не се признати од ОН, ФИФА и УЕФА.

Непризнати земји и региони кои учествуваат на овие првенства се Карпатија, Северен Кипар, Крим, Абхазија, Јужна Осетија, селекцијата на Ромите, Курдистан, Тибет, Квебек, Занзибар…

Натпреварите на ова СП 2020 ќе се играат на арената “Тодор Проески“, која, како комерцијален објект, е изнајмена од КОНИФА.

Ова првенство се игра на секои две години, а последен победник е репрезентацијата на Карпатија, област во Украина, која во финалето ја победи селекцијата на Северен Кипар.

SHARE