Осум мигранти од Авганистан се пронајдени во камион-ладилник што патувал во Велика Британија за време на царинската контрола во француско пристаниште, јавува „Паризиен“.

Пронајдените имале хипотермија и биле однесени во болница во францускиот град Кале. Мигрантите биле скриени во двојното дно на ладилникот на камионот, а вратата била заклучена однадвор. Температурата во ладилникот била околу 7 Целзиусови степени, соопштија француските власти.

Минатата недела беа откриени тела на 39 замрзнати мигранти во камион ладилник кој пристигнал во Есекс.

SHARE