Спасов: Ништо важно и драматично не се менува во нашиот Устав!

Професорот Ѓорѓи Спасов смета дека ништо посебно нема да се смени во македонскиот Устав со предложените амандмани од Владата во согласност со Преспански договор, освен промената на името на државата.

„Токму овие амандмани, четири сè на сè, кои се сосема кратки и сосема јасни, кажуваат дека ништо важно и ништо драматично не се менува во нашиот Устав. Единствената суштествена промена која е направена со цел да се имплементира Преспански договор се состои во членот 33 од Уставот, колку што пати е спомената Македонија во ‘Библијата’, и во кој се вели дека Република Македонија ќе го промени името во Република Северна Македонија. Тука нема ништо што било непознато, ништо што било скриено, ништо што било на некој начин основа за некаква манипулација“, рече поранешниот амбасадор, пратеник и висок функционер на СДСМ на четвртата јавна дискусија за нацрт-амандманите на Уставот во Штип.

Според Спасов, со договорот од Нивици нема да исчезнат македонската држава и македонскиот народ, а со промената на надворешната политика и „напуштањето на националистичките позиции кон соседите“ била вратена самодовербата на нацијата.

 

SHARE

1 Коментар

  1. Ti si NACIONAL-SHOVINIST I go mrazish makedonskiot narod I mu go menuvash identitetot, ja brises makedonskata kultura jaxik pismo tradicija muzika NR BRISHES NAS MAKEDONCITE ! I za toa nabrzo ke ti letne glavata se so ostanatite IZRODI I FASHISTI ! ! !

Comments are closed.