Спасов: Тимоние ја навредува нашата интелегенција


Поранешниот македонски амбасадор Ѓорѓи Спасов се огласи на Фејсбук по денешната прес-конференција на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и отворено му порача на дипломатот да ја напушти амбасадорската функција.
„А Тимоние ја навредува нашата интелигенција. Става сол на лута рана. Се прави како се да знаел многу од порано. Решавањето на спорот за разликите околу името било само еден од условите . Ништо посебно. Сите наши напори и достигања ги стави под нозе.
Еден ден таков дипломат ќе се срами од своето подаништво.
Многу дипломати на САД и на Велика Британија ги напуштаа своите функции кога ќе оценеа дека нивната земја постапила не фер према земјата домаќин во која тие се дојдени со цел да ги унапредуваат односите.
Но, Тимоние ја нема таа големина. За него важи онаа афористична дефиниција:”Дипломат е чесен човек пратен во странство да лаже во интерес на својата земја”. Дали ова што го прави е вистина во интерес на неговата земја е прашање. Но еден ден ќе се дознае.
Верувам дека и тој и Макрон веќе добиле честитки од Владимир Путин. Ова е во најдобар интерес на Русија која би била задоволна проширувањето на ЕУ да запре со приемот на Словенија и на Хрватска на Балканот. Ако говориме отворено како Тимоние“, напиша амбасадорот.

SHARE