Предлогот за разрешување на министерката Рашела Мизрахи пристигнат е во Собранието и поделен им е на сите пратеници,.

Предлогот го доставил техничкиот премиер Оливер Спасовски, јави „Плусинфо“.

Причината е тоа што министерката за труд и социјална политика се појавила на прес конференција со табла зад неа, на која го пишуваше името „Република Македонија“.

Официјална Атина и грчки медиуми реагираа на ова, но и реакција имаше и од министерот за надворешпни работи Никола Димитров кој ја обвини Мизрахи за уривање на „преспанскиот“ договор, а со тоа и на евро-атлантските аспирации на земјава.

SHARE