Премиерот на техничката влада, Оливер Спасовски, во придружба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, денеска се сретнаа со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул.

Средбата доаѓа по поканата која Вселенскиот Патријарх ја упати до Зоран Заев додека беше премиер.

Премиерот Оливер Спасовски, упати покана патријархот Вартоломеј да ја посети нашата држава и да се сретне со верниот народ.

SHARE