Спасовски решен да ја истера Мизрахи!?

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, не се повлекува од барањето за разрешување на министерката Рашела Мизрахи, дури и во случај тоа да предизвика евентуална политичка криза.

„Можам да правам компромис и да разговараме за политички теми, можеме да бараме решение за тие теми, но да правам компромис за почитување на Устав и на закон, посебно на министер којшто даде свечена изјава пред граѓаните дека ќе почитува Устав и закон, тоа нема да се случи“, изјави Спасовски.

Тој рече дека опозицијата треба да предложи друго име>

„Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат кој го почитува Уставот и законите, на пример еден од пратениците кои гласаа гласаа за Северна Македонија при протоколот за НАТО, еве како можно решение, инаку, одлуката е нивна, кого сакаат нека предложат, јас ќе го прифатам“, рече Спасовски.

SHARE